Оваа билка е полековита од лукот и штити од инфаркт

Време е за берба на мечкин или, како што уште се нарекува, див лук, билка која ќе ја препознаете по интензивниот мирис на лук, а можете да го најдете ако прошетате периодов во природа.

0
1778

Расте во почеток на пролетта, па веќе можете да го најдете ако прошетате периодов некаде во природа. Оваа самоникната шумска билка Allium ursinum, позната и како сремуш, див лук и шумски лук, често се нарекува и мечкин лук затоа што оваа билка ним им е вистински пролетен деликатес.

Ќе го препознаете по интензивниот мирис на „лук“, а не го заобиколувајте затоа што е силен природен антибиотик кој изобилува со витамин Ц, сулфурни соединенија и бројни други лековити состојки.

Многумина му даваат предност во однос на лукот, а за тоа имаат барем три причини: самоникнато е, не е третиран со пестициди, а и полековит е од лукот, се наведува во литературата за народна медицина.

Дивиот лук содржи алицин, етерични масла, алисулфиди и полисахариди, а вкусните млади изданоци, од кои можете да направите салати, крем-супи, песто, ароматично масло, тинктури и слично, содржат 20 до 50 мг витамин Ц и каротен. Содржат и вредни минерални соли.

Младите листови од оваа билка се берат на пролет и можете да ги консумирате свежи. Немојте да ги сушите затоа што така ќе изгубат доста лековити својства. Тој е одличен природен лек кој го подобрува помнењето, помага при респираторни тегоби, спречува болести на срцето и крвните жили. Помага и кај несоница и вртоглавица, остеопороза и артритис. Штити и од инфаркт и го јакне срцето.

Мечкиниот лук ги врзува на себе отровите и маснотиите од крвта, крвните жили, цревата и желудникот па ги исфрла од телото. Тинктурата од листови направете ја во пролет затоа што младите листови се берат во април и во мај, a луковици на есен, после цветањето, затоа што тогаш содржат најмногу лековити состојки.

Луѓето со чувствителен желудник треба да ја расечат луковицата од див лук и да ја остават да стои 2-3 часа во топло млеко и потоа полека да се пие. Луковиците се берат кон крајот на летото или во есен.

За пролетно чистење на организмот и за снижување на лошиот холестерол користете тинктура. Одличен избор е и за снижување на крвниот притисок. Ја поттикнува и работата на бубрезите, ги смирува тегобите со варењето, ја подобрува работата на цревата, лекува акутни и хронични проливи, мрзеливост на цревата и тврда столица, одличен избор е и кај цревните паразити, помага кај гихт и реума.

Бидете внимателни кога го берете затоа што дивиот лук има отровни двојници, па ако не сте сигурни, раководете се по тоа што дивиот лук има интензивен мирис на лук. Секако, консултирајте се со стручни лица пред консумацијата.

Тинктура од листови:

Иситнете 200 грама листови и прелијте ги со 1 литар ракија па затворете ја теглата. Оставете ја да стои 20 дена и повремено протресувајте ја. Потоа исцедете, ставете ја течноста во темен стаклен сад и добро затворете го. Се зема 2-3 пати дневно по 1 лажичка растворена во вода.