Ако сакате колач, а немате време или пак волја да ги правите со часови, ова е одличен рецепт за вас.
Ви требаат:
3 јајца
165 грама чоколадо
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 170 степени. Одвојте ги жолчките од белките и ставете ги белките во фрижидер.
Искршете го чоколадото и стопете го на пареа. Кога ќе се подизлади, измешајте го и додадате ги жолчките.
Извадете ги белките од фрижидерот и изматете ги со миксер во цврст снег.
Во смесата од чоколадо и жолчки додадете третина од снегот од белки. Повторете ја постапката додека не ги потрошите сите белки.
Добиената смеса излијте ја во мал калап за торта (15 цм) и печете околу 30-40 минути на 170 степени. Колачот оладете го и послужете.
Ако сакате да го засилите вкусот, додадете малку рум, коњак или чоколаден ликер.