Кога сме гладни, подготвени сме да изедеме било што, а обично е тоа она што прво ќе ни дојде под рака. За да го избегнете прејадувањето со нездрави чоколади или грицки полни со калории, потребно е однапред да ги планирате и да ги подготвите своите оброци.
Ви откриваме кои се намирниците кои мора секогаш да ги имате во фрижидерот за да го затомите гладот и да внесете во телото здрави нутриенти.
Мисиркино месо
Мисиркиното месо содржи малку маснотии и натриум, а богато е со протеини. Ставете во фрижидерот парчиња печено мисиркино кои секогаш можете да ги завиткате во тортилји од целовито брашно или да ги изедете со свежо подготвена салата и зеленчук.
Сок од домати
Домашниот сок од домати е здрав и лесен и убаво оди со многу јадења. Користете го како замена за мрсни сосови и преливи.
Кељ
Кељот содржи многу малку калории и е многу хранлив. Исто така содржи многу влакна кои го поттикнуваат варењето и го чистат системот за варење.
Чувајте во фрижидерот измиена и исечкана главица кељ која за само неколку минути можете да го претворите во вкусен оброк. На малку маслиново масло пропржете лук и додадете го исечканиот кељ и послужете го со печено мисиркино.
Хумус
Овој блискоисточен сос од наут, лук и маслиново масло е нискокалоричен и богат со протеини и влакна.
Наутот позитивно делува врз високиот крвен притисок и дијабетесот, го намалува холестеролот и штити од рак. Можете да го намачкате на тост или во него да макате свежо исечкан зеленчук како на пример, моркови или краставици.
Варени јајца
Јајцата содржат аминокислеини кои ги активираат нашите клетки во телото, полни се со висококвалитетни протеини и витамин Д. Можете да ги јадете со некоја салата или со кашкавал.
Минерална газирана вода
Инаку препорачуваме да избегнувате газирани пијалоци, но минерална газирана вода можете да имате во резерва за посебни пригоди. Газираната минерална вода содржи многу помалку калории од останатите слатки пијалоци, а во комбинација со свежо цеден сок од лимон, е вкусен и освежителен пијалок.
Свежо цедени сокови
Свежите сокови можат да бидат добар извор на витамини и минерали. Меѓутоа, таквите сокови обично содржат поголеми количини шеќери, за би требало умерено да ги консумирате.
Јогурт
Јогуртот е полн со калциум, протеини и пробиотички бактерии кои се добри за варењето. Оние кои консумираат јогурт, имаат помали шанси да заболат од кардиоваскуларни болести. Јогуртот можете да го јадете во комбинација со гранола и свежо овошје или да направите вкусно и здраво смути.
Целер
Целерот е богат со влакна, витамин А, калиум и калциум. Можете да го ставате во супи, варива или во смути. Но можете да го јадете и сиров со путер од кикирики или со хумус.
Тортилји од целовито брашно
Овие тортилји се сиромашни со калории и маснотии, а можете да ги подготвите на различни начини. Тортилјата можете да ја наполните со свеж зеленчук, месо, но и со слатки филови.
Свежа зелка
Во фрижидерот секогаш имајте рендана зелка. Зелката е богата со влакна, калиум, магнезиум и витамин Ц. Салатата од свежа зелка одлично оди со јадења од месо, а можете да ја додавате и во разни варива.
Авокадо
Авокадото е богато со здрави масти кои го намалуваат лошиот холестерол и позитивно влијаат на здравјето на срцето. Авокадото консумирајте го со јајца, житарки или додадете го во смути.
Зрнесто овошје
Ова овошје е богато со хранливи материи, антиоксиданси и влакна што ги прави добри за здравјето на срцето и мозокот. Можете да го јадете самостојно, со јогурт, гранола или како смути.