Ова е основно тесто такашто во него можете да додадете сѐ што сакате, миризливи зачини, сечкани или мелени јаткасти плодови, мак, чоколадо, или едноставно да ги украсите со разни јадливи украси.
Состојки:
300 г брашно
50 г шеќер во прав
200 г путер
2 лажички сок од лимон
1 лажичка екстракт од ванила
Приготвување:
1. Ставете ги сите состојки заедно во сад и замесете тесто.
2. Расукајте го на саканата дебелина 2-3 мм, и исечете ги саканите облици.
3. Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 6 минути.