Од ништо нешто

Летен и лесен ручек без многу мака

0
491

Ќе земете се што ви останало во фрижидерот…малку кромид, малку цвекло, некој компир, …ќе ги потпечете, но да останат сочни и ќе ги посолите и ќе ги прелиете со малку маслиново масло. Во чинијата додадете ако ви останала некоја варена пченка, неколку зрна грозје или што ли веќе имате дома.

Испечете и неколку пиперки, по можност лути, зачинете ги, ставете маслиново масло и јаболков оцет, лукче и магдонос. И се разбира, направете салата од последниот домат, дотрошете го домашното песто од босилек, малку сирење со ноктец, неколку маслинки и воала…имате прекрасен летен и лесен вкусен ручек.