Oва се сигнали дека јадете премалку и затоа тешко слабеете

Иако звучи контрадикторно, има логика. Метаболизмот забавува за да заштеди енергија, па без оглед колку малку јадете, телото ќе се обиде да складира речиси сè.

0
362

Ако сакате да изгубите вишок килограми, клучот за успехот е да внесувате помалку калории, но многумина прават грешки и премногу се воздржуваат од јадење, а тоа може да има и спротивен ефект – да го забави слабеењето.

Имено, во отсуство на хранливи материи, во организмот се пали црвен аларм и тој започнува секоја внесена калорија да ја складира за „црни“ денови.

Многу размислувате за храна

Се разбира, вашето тело копнее по калории, па затоа вашиот ум е преокупиран со храна. Ако сте размислувале за храна цел ден и не можете да се ослободите од таа мисла, можеби е време конечно да ставите нешто поконкретно во устата.

Прескокнувате оброци

Многумина веруваат дека прескокнувањето оброци е добар начин да внесете помалку калории и на тој начин да изгубите тежина, но тоа не е така. Ако не јадете појадок, ручек или вечера, всушност му помагате на вашето тело да ги исклучи механизмите заслужни за внатрешно согорување.

Често имате главоболка

Ако често чувствувате вртоглавица, тремор и имате главоболка, тоа може да се должи и на недоволно внесување калории. Во отсуство на храна, мозокот не добива доволно гликоза, што значи дека нивото на шеќер во телото е прениско. Во таков случај се јавуваат разни видови на физички проблеми.

Немате волја за вежбање

Ако се чувствувате уморни од самата помисла за вежбање, постојано сте истоштени и имате проблеми со концентрацијата – ова може да биде последица на недоволно внесување на хранливи материи во организмот.

Кога на телото му недостасува храна, нивото на енергија паѓа, а останува само колку за основните функции и опстанок, што е многу напорно за вашето тело.

Многу сте раздразливи

Постојат многу причини за раздразливост, а една од нив е гладувањето. Ако намерно прескокнувате оброци и се воздржувате од храна секогаш кога можете, вашето расположение тешко ќе се подобри. Дури е и научно докажано дека недостатокот на калории доведува до лутина и фрустрација.

Вечеравте и сè уште сте гладни

Ова покажува дека не сте внесувале доволно калории и хранливи материи во текот на денот и, иако сте јаделе, телото посакува повеќе. Ова не мора да значи дека треба да јадете повеќе, но она што го јадете треба да биде поквалитетно.

Изберете производи од цели зрна, протеини и здрави масти наместо, на пример, салата што не содржи скоро ништо од горенаведеното.

Фото: Pexels