Вакви нудлси можете да направите и од некој друг зеленчук, ама сега им е време на модрите патлиџани. Не ви треба некоја посебна алатка, туку само добар, остар нож.
Состојки:
2 модри домати
Една рака шери домати (ако немате, може и со обични, но тогаш ви се доволни 2)
1 рака маслинки
Свежа мајчина душица
Свеж босилек
Сол, црн пипер
Маслиново масло
Приготвување:
- Измијте ги убаво доматите и исечете ги на тенки долги стапчиња како шпагети.
- Ставете 5 лажици маслиново масло во тава и додадете ги исечканите модри патлиџани, свежите зачини и сол и црн пипер. Пропржете ги 3-4 минути.
- Исечете ги маслинките и шери доматите на половина и ставете ги на една минута со 1 лажица маслиново масло во тава да се пропржат, а потоа додадете ги кај модрите домати, измешајте сѐ убаво и сервирајте во чинија. Прелијте со уште малку маслиново масло и украсете со ливчиња босилек.