Ново издание на омилената салата со туна

Едноставни состојки кои нема да ви одземат време, малку зачини и голема здела за салата е се што ви треба за оваа салата која може да ви биде и главен оброк. 

0
533

Состојки:

2 конзерви наут

1 кромид

1 пиперка

2 конзерви туна

1 чешне лук

1 китка магдонос

1 лажичка нане

3 лажици сок од лимон

Малку кора од лимон

Маслиново масло

Сол, бибер

Приготвување:

  1. Исечкајте ги кромидот и пиперката, а лукот згмечете го и помешајте се со наутот и туната.
  2. Зачинете  со лимон, сол и бибер.
  3. Додадете сечкан магдонос, нане и маслиново масло.