Нов тренд: Авокадо наместо кутија за веренички прстен

Луѓето повеќе не се задоволни со запросување со прстен во парче торта или ризикувајќи јавно понижување на стадион, сега се појави и нов тренд – прстен во авокадо.

0
466

Сѐ додека постои институцијата брак, ќе постојат нови и нови начини на запросување. Па така, ако не беше доволно правењето циркус по стадиони, ресторани и на други јавни места со колку што може повеќе луѓе како публика, сега се појави и нов тренд кој стана вистински хит на Инстаграм – прстен во авокадо.

Авокадото стана толку популарно што успеа да се инфилтрира во сите сегменти на нашиот живот.

Авокадото е намирница која барем неколку пати дневно ќе ја видите во различни верзии на Инстаграм или на некоја друга социјална мрежа. Исто така, веруваме дека не постои некоја негова состојба, функција или облик во кој веќе не сте го виделе сервирано.

Но ако мислевте дека е тоа сѐ што ќе видите од авокадото, се лажете. Изгледа дека тоа тукушто доби и нова функција. Стана совршен објект со кој можете некого да запросите.

Ако ви изгледа како добра идеја, побрзајте додека не ги снемало сите авокада од полиците на маркетите. Ако случајно и ве одбијат, барем ќе можете да се утешите со вашиот (очигледно последен) заеднички оброк.