Дали станува збор за желба кафето да се направи поздраво или е се само обид за следење на актуелниот тренд не е познато, но ете, од Австралија ни доаѓа авокадо кафето.
Некому едноставно му паднало на памет еспресо кафето со млеко, наместо во класична шолја, да го послужи во лушпа од авокадо.
Освен во Австралија, авокадо кафе се служи и во Турција, а полека почнува да се појавува и во останатите делови од светот.