Неверојатната моќ на кикириките

Го опоравуваат срцето, спречуваат рак на дебелото црево, го сузбиваат Алцхајмерот,...

0
1123

Кикириките потекнуваат од Јужна Америка и му припаѓаат на семејството мешунки, исто како леќата, гравот или сојата. Не само што има одличен вкус, туку е богат со масти, протеини и други здрави хранливи состојки.

Кикириките се добар извор на протеини и во себе имаат висока содржина на есенцијални витамини, минерали и растителни соединенија.

Кикириките имаат различни предности, па секако треба да се додадат на листата на секојдневната исхрана. Меѓутоа, заради високата содржина на масти и калории кои ги имаат кикириките, не би требало да се претерува.

Добри се за здравје на срцето

Меѓу корисните својства на кикириките кои ги имаат за здравјето на човекот, се чини дека е ова најпознатото. Благодарение на високото ниво на заситени и полинезаситени масти, кикириките можат да го одржуваат здравјето на човечкото срце.

Конкретно, олеинската киселина кај кикириките може да го намали лошиот холестерол во крвта и да го зголеми добриот холестерол.

Затоа кикириките се во состојба да спречат мозочен удар и коронарни заболувања со зголемување на здравите липиди во крвта.

Ја јакнат енергијата

Една од најзабележливите предности на кикириките за здравјето на човекот е унапредувањето на енергијата. Ова е сосема разбирливо, затоа што кикириките содржат доста витамини и минерали, антиоксиданти и хранливи материи, кои се сами по себе големи извори на енергија.

Помагаат при слабеење

Кикириките се проучувани во поглед на одржувањето на тежината. Затоа што има полно калории и масти, кикириките не влијаат на зголемувањето на килограмите, па заради тоа консумирањето на овие мешунки ќе помогнат во одржувањето на виталноста и ќе ја спречат дебелината.

Се борат против ракот

Полифенолните антиоксиданти присутни во кикириките се корисни за превенција на рак на желудникот затоа што помагаат во намалување на продукцијата на канцерогени нитрозамини.

Од друга страна, мешунките од типот на кикириките имаат висока содржина на бетасетостероли кои претставуваат заштита од ракот со природно спречување на растот на тумори. На овој начин, сите оние кои јадат кикирики најмалку два пати неделно можат да го намалат ризикот од рак на дебелото црево за 27­58 отсто.

Спречуваат камења во жолчката

Се проценува дека каменот во жолчката погодува помеѓу 10 и 25 отсто од возрасните во светот. Честата консумација на кикирики може значајно да го намали ризикот од камења во жолчката. Според студиите, само 30 грама кикирики дневно можат да помогнат да се намали ризикот од оваа појава дури за 25 отсто.

Го подобруваат помнењето

Кикириките често се нарекуваат „храна за мозокот“, затоа што содржат витамин Б3 кој е одличен за функцијата на мозокот како и за подобрување на меморијата. Во себе содржи флавоноид кој се вика ресвератрол, а кој може да го подобри протокот на крв во мозокот за околу 30 отсто.

Се борат против депресијата

Серотонинот е хемикалија важна за мозокот која помага и за регулирање на расположението. Неадекватното лачење на оваа хемикалија резултира со депресија. За среќа, аминокиселината триптофан во кикириките може да помогне за ослободување на серотонинот, па заради тоа кикириките се способни да ја победат депресијата.

Ја поддржува бременоста и го штити плодот

Кикириките се сметаат за добар извор на фолна киселина, која е важна за жените во текот на бременоста. Според истражувањата, жените кои консумираат 400 грама од оваа киселина пред и во раната фаза од бременоста, биле под многу помал ризик бебето да има одредени невролошки проблеми.

Консумирањето на кикирики во текот на бременоста исто така го намалува и ризикот од некои вообичаени алергиски болести како што е астмата кај децата.

Спречуваат Алцхајмерова болест

Многу студии покажале дека консумирањето намирници кои се богати со ниацин како што се тоа кикириките, може да го намали ризикот од појава на Алцхајмерова болест за околу 70 отсто. Само четвртина шолја од овој плод претставува четвртина од дневниот внес на ниацин.

Даваат блескава и затегната кожа

Состојките во кикириките ја одржуваат кожата блескава и свежа. Освен тоа, диететските влакна во оваа билка помагаат организмот да се ослободи  од вишокот токсини, со што кожата станува беспрекорно мека и блескава. Од друга страна, кикириките со својата содржина на магнезиум во себе може да ги смири нервите, крвните садови и мускулите за да се забрза протокот на крв во кожата.

Спречуваат губење на косата

Благодарение на витаминот Ц е корисен за производство на колаген, па кикириките можат да го спречат губењето на косата. Исто така, омега 3 масните киселини можат да ги зајакнат фоликулите на влакното и севкупниот раст на косата.

Ги спречуваат брчките и стареењето

Предвремените знаци на стареење, како што се промена на бојата, брчките и намалената еластичност на кожата, спаѓаат во една од најголемите козметички грижи. За среќа, кикириките имаат значителна количина на витамин Ц кој е неопходен за производство на колаген. Во суштина, колагенот е важен за да се одржат здрави тетивите, рскавиците и кожата. Значи, јадењето на кикирики ја подобруваат цврстината на кожата, како и нејзината еластичност и свежина.