Состојки:
100 г брашно
1 лажица џем од кајсии или сливи
2 лажички прашак за пециво
Пола лажичка сол
175 г растопен путер
3 јајца
2 лажици какао
200 г шеќер
100 г темно чоколадо + 50 г путер за преливот
4 – 5 лажици џем за премачкување
1 ванилин шеќер
Приготвување:
- Растопениот путер измешајте го со шеќерот и ванилиниот шеќер.
- Во друг сад измешајте ги брашното и какаото, додадете ги јајцата, путерот со шеќерот, прашакот за пециво, џемот, солта и се добро измешајте со миксер.
- Загрејте ја рерната на 150 степени.
- Во калапот подмачкан со путер или прекриен со хартија за печење, ставете ја смесата и печете околу 25 минути.
- Готовиот колач извадете го од рерна и оставете го 5 минути на собна температура па премачкајте го со џем.
- Растопете го чоколадото со путерот и прелејте го колачот.