Немате градина? Еве кои билки можете да ги одгледувате во стан!

Ако сакате да си одгледувате свои намирници, а немате среќа да имате своја градина, обидете се да ги одгледувате овие пет билки во вашиот стан и нема да зажалите.

0
356

Занимавањето со градинарство има многу предности. Освен што овозможува да јадете намирници од сопствено, контролирано производство, воедно е и бесплатна снтистрес терапија. Но што е со оние кои се жалат дека немаат каде да ја засадат својата градина? Решение постои, па дури и за оние кои имаат мали станови во кои нема многу место. Имено, постојат билки кои практично сакаат да бидат одгледувани во затворени простори. Еве листа од пет најпопуларни.

Босилек. Овој зачин е познат и доста употребувам и во свежа и во сува варијанта. Постојат повеќе сорти кои едноставно можете да ги одгледувате во сад кој ќе го ставите на прозорската даска на јужната страна од станот затоа што босилекот сака многу сонце и топлина.

Најдете сад со доволно добра дренажа, а земјата во него нека биде влажна, но не го потопувајте босилекот. И не заборавајте дека одлично оди со домати, сирење, тестенини, пица…

Алое вера. Станува збор за билка со долги, меснати листови. Посадете ја во сад и одгледувајте ја на собна температура од околу 21 степен и со многу светлина. Оваа билка преферира малку посува земја па полевајте ја на секои 2-3 дена. Оваа чудесна билка ќе ги смири изгорениците од сонце, гребнатините, и јадежот на кожата. Само скршете го листот таму кадешто е најдебел и нанесете кадешто е потребно.

Домати. Овој одличен зеленчук е извор на витамини А, Ц и К, како бета каротен кој ја штити кожата од штетните сончеви зраци. Одберете некоја поситна сорта домати кои ќе бидат идеални за вашата мала градина во станот. На доматите им треба многу топлина и светлина такашто саксијата ставете ја на најсончевото место во станот.Земјата треба да е цело време мокра, но не и натопена.

Коријандер. Ова е омилен зачин во кујните ширум светот; почнувајќи од мексиканската, до индиската и тајландската, но еднакво е омилен и во Европа.

Чувајте го од премногу високи температури затоа што ќе се исуши, но му треба многу светлина, па најдобро е да го засадите покрај прозор кој е свртен кон исток.

Земјата нека биде влажна, но не и натопена.

Спанаќ. Лиснатата суперхрана добро успева во затворен простор. Не сака кога е премногу топло ни кога е премногу ладно, па сместете ја саксијата на сончево место но обезбедете собна температура. Одберете подлабок сад затоа што на коренот на спанаќот му треба повеќе простор. Многу брзо ќе уживате во билка богата со протеини, витамини А и К, фолна киселина, влакна…

Спанаќот го јакне срцето, меморијата и е идеална храна за бремени жени затоа што го помага развојот на детето.