Научно докажано: пивото е добро за здравјето

Антиоксидантите кои се наоѓаат во пивото ги штитат срцето, крвните жили и мозокот од разни заболувања. Ова е дел од сознанијата од научните истражувања чии резултати се презентирани на 5.меѓународен симпозиум за пиво во Мадрид.

0
288

Панел од научници, составен од бројни меѓународни стручњаци на подрачјето на истражувањето на влијанието на алкохолот врз здравјето, годинава, како дел од сознанијата од научните истражувања чии резултати се презентирани на 5.меѓународен симпозиум за пиво во Мадрид, едногласно заклучиле дека умереното консумирање на пиво (едно пиво од 3 дл дневно за жени и до две пива од 6 дл за мажи) го намалува кардиоваскуларниот ризик. Ова се темели на 150 студии објавени во научното списание Nutrition, Metabolism & Cardiovascular Diseases, а работната група е предводена од стручњаци од Медитеранскиот институт за неврологија од Италија.

Епидемиолошките студии покажале дека умереното консумирање на пиво дава поголема заштита на кардиоваскуларниот систем во споредба со жестоките алкохолни пијалоци. Освен тоа има се повеќе докази за заштитното влијание од умереното консумирање на пиво врз неуродегенеративните болести (Алцхајмер и Паркинсонова болест). Научниците потврдиле дека луѓето кои умерено и одговорно консумираат пиво имаат намалена стапка на смртност, особено заради намалувањето на кардиоваскуларниот ризик во споредба со оние кои воопшто не пијат.