Наскоро стартува првата винска Академија на Македонија

0
599

Звонко Херцег, вински екперт и дел од организаторите на скопскиот вински салон, е оснивач на првата Академија за вино и јаки алкохолни пијалоци на Македонија која освен што ќе понуди повеќе типови на курсеви, од неколку интернационални, признаени секаде во светот, до локален курс на чија програма работам кадешто покрај тоа што ќе се изучува истото тоа што го нудат интернационалните курсеви, фокусот ќе биде ставен во надополнувањето со информации за нашите вина и нашата винска индустрија.

Тоа е дел од стратегијата со која Академијата треба да го помогне афирмирањето на македонските вина и македонскиот вински регион. На крај од секој курс доколку се положи успешно, студентите ќе добијат сертификат во зависност од нивото и типот на курсот кој го положиле.

За кого е наменета оваа Академија?

Точниот назив на Академијата е „Академија за вино и јаки алкохолни пијалоци на Македонија“ или WSAM – Wine and Spirits Academy of Macedonia.

Активностите на Академијата формираат еден комплексен систем од активности во насока на подигање на винската култура базирани на перманентна едукација со употреба на разни педагошки вештини. Наменета е генерално за сите, од професионалци во винската индустрија, особено комерцијалниот сектор, преку вработените во ресторатерството и винскиот туризам, па сѐ до винските ентузијасти и сите оние кои тропаат на вратата од винскиот свет.

Колку траат курсевите и што е сѐ вклучено во програмот?

Морам да напоменам дека винската Академија сѐ уште не отпочнала со спроведување на курсевите. Имено, во подготовка е првиот степен од курсот за сомелиери и вработени од одделот за продажба на вина и жестоки пијалоци, за кој штотуку го завршив учебникот на 80 илустрирани страни прилагодени за студентите кои немаат предзнаење во оваа област.

Kористени се релевантни извори, материјали од Guild of Sommelier, Wine and Spirits Education Trust, Oxford Companion to Wine, програмот AIS и многу други каде фокусот е даден на домашните вина и винарии.

Планирано е курсевите да имаат 3 нивоа. Стекнатото знаење во првите две нивоа ќе ги задоволи потребите на познавањата на еден сомелиер, додека третото ниво ќе содржи повеќе испити врзани за насоката на надоградба што ќе ја одберат студентите.

Дали по завршувањето на курсот се добиваат некакви дипломи и ако се добиваат, што значат тие за оние кои ќе ги добијат?

Секако, Академијата ќе нуди повеќе типови на курсеви, од неколку интернационални, признати секаде во светот, до локален курс, на чија програма работам и кадешто покрај тоа што ќе се изучува истото тоа што го нудат интернационалните курсеви, фокусот ќе биде ставен во надополнувањето со информации за  нашите вина и нашата винска индустрија.

Тоа е дел од стратегијата со која Академијата треба да го помогне афирмирањето на македонските вина и македонскиот вински регион. На крај од секој курс доколку се положи успешно, студентите ќе добијат сертификат во зависност од нивото и типот на курсот кој го положиле.

Секако, на прво место е знаењето, па ќе се трудиме да го избегнеме неговиот најголем непријател, имагинацијата дека знаеме.

Како започна вашиот пат во светот на вината?

Секогаш ми е драго да одговорам на ова прашање затоа што ме потсетува на убав период и убави вински региони.

И покрај тоа што речиси две децении ја водам семејната компанија за продажба на вина и јаки алкохолнои пијалоци, сѐ започна со патувањето по повод 15 години од брак, со десетдневно патување во Тоскана, по познатите DOCG суб-региони. Ме плени Тоскана, ме одушевија секогаш ведрите Италијани, доживеав гастрономски напад врз сетилата а нивните вина едноставно ме „земаа“ и на крајот, цело тоа уживање имаш со кого да го споделиш, со твојот животен сопатник. Има ли подобар почеток?

Секако, ја искористив приликата па во Фиренца го поминав вториот степен на WSET (Wine and Spirits Education Trust), за да продолжам наредната година со третиот степен во Бордо, сѐ до последниот четврт степен во Лондон, пат од околу 5 години, исполнет со труд и со љубов.

Во меѓувреме, многу вински региони надвор, винарии, вина  итн.

Може ли македонската винска сцена да ѝ парира на светската?

Може, може, секако дека може. Имаме одличен потенцијал за производство на високо квалитетни вина, тероар што многу други региони би го посакале, само треба да се отргнеме од имиџот на земја предодредена за наливно вино и уште неколку пакет мерки во насока на гарантирање на постојаноста на квалитетот, потеклото и препознатливоста.

Дали има шанси Македонија да стекне статус на „земја на виното“ во светски рамки и што е потребно за тој исчекор?

Видете, трката во светот на виното е почната поодамна, ако гледаме на тоа како на еден маратон кој нема  крај, а штафетата се предава од генерација на генерација. Ние сега имаме проблем да влеземе во таа трка, не не пуштаат така лесно Французите, Шпанците, Италијаните и останатите вински маратонци да влетаме со велосипедот (наливно вино) па да се тркаме со нив.

Како што споменав, излез од имиџот на вински регион за наливно вино не е брз процес, и се работи на него. Мене лично тоа многу ме радува.

Она што е потребно да се направи е всушност и најтешкото на Балканите, а тоа е да се учи на туѓите грешки, и да се користат копчињата „Copy-Paste“ како предуслов за афирмација на винскиот регион.

Треба да учиме од Чиле, да разгледаме на што се должи нивниот успех. Да го расклопиме Нов Зеланд, како од толку „едноставна“ винска сорта создадоа толку бучен вински регион и какви им се плановите.

Австралиските вински планови 2025, треба да ги знаеме наизуст, и многу други. И сето тоа да го прилагодиме на нашата плодна земја.
Едукацијата е клучна, но не и доволна, коплексно е прашањето, но се гледа некакво светло на крајот од тунелот, е сега дали е излез или доаѓа воз, ќе видиме.

Драгица Христова