Направете тортилји од ленено семе

Овие тортилји можат да се користат како замена за леб кај лицата кои се алергични на глутен, кои имаат дијабетес, или пак само сакаат да ги намалат масните наслаги.

0
393

Ако сте во можност смелете го лененото семе непосредно пред консумирање за да не оксидираат и да не ги изгубат хранливите материи. Ако смелите поголема количина, остатокот чувајте го во термички затворен сад, но не подолго од една недела.

Состојки за 4 големи или 5 мали тортилји од ленено семе:

110 г мелено ленено семе (мерете го откако ќе го смелите)

150 мл врела вода

Пола лажичка сол

Приготвување:

Загрејте ја водата до вриење, а потоа додадете сол. Кога солта ќе се раствори, додадете го меленото ленено семе и исклучете го шпоретот. Мешајте додека смесата не се претвори во топка тесто. Кога ќе биде ладно на допир, поделете го тестото на 4 еднакви делови и направете топчиња. Секое топче расукајте го меѓу две хартии за печење. За да имаат убава тркалезна форма ставете врз расуканото тесто тркалезен сад и исечете ги рабовите од тестото кои се вишок, па додадете ги сите остатоци во тестото за последната тортилја.

Секоја тортилја печете ја во тавче за палачинки на средна температура околу 40-60 секунди.

Ако на тортилјата се појават меурчиња само притиснете ги со нешто и свртете ја тортилјата да се пече од другата страна уште 30 секунди.

Фотографијата е од ТУКА.