Направено пиво кое делува како вијагра

Една британска пивара тврди дека нејзиното ново пилснер пиво може да ја зголеми сексуалната енергија на оние што ќе го пијат.

0
466

На пивото наречено „Watercress Warrior“, додадени му се листови на поточарка, водена билка богата со витамини A, B, C и E, која е позната и како афродизијак.

Освен стандардните состојки, јачмен и хмељ, и листови на поточарка, главна состојка на пивото е и свежата природна изворска вода. Пивото настанало како резултат од соработката помеѓу пиварата „Cerne Abbas Brewery“, од Дорсет и компанијата „The Watercress Company“, која се занимава со производство и преработка на поточарка.

Местото Карне Абас во Дорсет, е едно од првите места кадешто е одгледувана поточарката, а исто така и место кадешто се прави одлично пиво.

Инаку, на етикетата на пивото се наоѓа сликата на џинот со истакнат пенис (Cerne Giant), 55 метри голема фигура – антички симбол на плодноста, позната и како место на кое одат на поклонение двојките што планираат потомство.