Намирници против ракот и различни воспаленија

0
439

Хроничното воспаление може да загрози силен имунолошки систем, а откриено е дека токму воспаленијата се чести причинители на хронични болести. Истражувањата покажале дека воспалението може да предизвика астма, артритис и болест на цревата. Воспаленијата можеме да ги намалиме или да ги спречиме преку исхраната. Постојат намирници кои ги поттикнуваат и оние кои ги намалуваат или ги лекуваат.

Куркума

Противвоспалителните својства на куркумата се исклучително силни. Куркумата може да го подобри здравјето на системот за варење и да излекува болести како чир и Кронова болест. Исто така, содржи антиоксиданси кои спречуваат различни видови на рак, вклучувајќи го и ракот на дебелото црево, ракот на дојка и леукемија.

Црн пипер

Црниот пипер може да го подобри варењето и да го намали оксидативниот стрес. Црниот пипер ја зголемува апсорпцијата на куркумата за 2000%.

Домати

Доматите се богати со силниот антиоксиданс ликопен. Освен што го намалува ризикот од рак, ликопенот го намалува холестеролот и крвниот притисок. Телото подобро го апсорбира ликопенот ако јадете варени, а не сирови домати.

Рецепт за супа од куркума, домати и црн пипер побарајте овде!