Ако сакате побрзо да завршите со подготвувањето на храната или едноставно немате нерви да мерите се и сешто кога правите нешто во кујна, мерете ги состојките со лажица. Еве неколку совети за да не ја промашите дозата пропишана во рецептите.
Една лажица содржи:
Мед – 30 грама
Путер – 20 грама
Грав – 20 грама
Ориз – 18 грама
Зејтин – 15 грама
Вода – 15 грама
Гриз – 15 грама
Рендан кашкавал – 12 грама
Мелено кафе – 12 грама
Алева пиперка – 10 грама
Мелени ореви – 10 грама
Какао – 8 грама
Чај – 5 грама