Намаз од урда со масло од тиква

Најубаво од се во овој намаз од урда е маслото од тиква...а полесно за правење, здравје.

0
394

Состојки:

1 главица кромид

250 г урда

100 г кисела павлака

Сол, црвен пипер

Масло од тиква

Приготвување:

  1. Исечкајте го ситно кромидот, посолете и помешајте го со кисела павлака. Оставете ја смесата во фрижидер околу половина час.
  2. Во смесата додадете ја урдата и по потреба посолете и се убаво измешајте.
  3. Направете вдлабнатина во намазот и наполнете ја со масло од тиква.
  4. Се поросете со црвен пипер и послужете со црн леб и суви колбаси.