Крофни од тиква

0
398

Состојки:

400 г исчистена тиква

50 г шеќер за поросување

Кора од еден портокал

0.5 дл ракија

450 г брашно

Прашак за пециво

3 јајца

Цимет

Приготвување:

  1. Исчистената тиква исечете ја на коцкички и заедно со шеќерот и кората од портокал ставете ја да се вари на тивок оган. Не е потребно да ставате вода затоа што тиквата ќе пушти од својот сок.
  2. Кога ќе омекне, направете пире, додадете ракија и сок од портокал и измешајте. Тргнете од оган и додадете ги брашното и прашакот за пециво и убаво изматете, а потоа додавајте едно по едно јајце. Ако е тестото ретко, додадете уште малку брашно
  3. Со две лажици правете топчиња и пржете ги на врел зејтин. Кога ќе се испржат, ставете ги на хартија за да се впие зејтинот, а потоа извалкајте ги во шеќер и цимет.