Да се јаде сезонски значи да се јаде разновидно, да се јаде она што расте во природни услови, да се јаде во склад со природата, да се јаде поздраво, подобро и повкусно.
Сезонската храна е поефтина
Секако дека поскапо ќе ја платите брсуницата среде лето, отколку во есен. Со плаќање на храната го плаќате и нејзиното одгледување кое е значително поедноставно и поефтино кога храната се одгледува во време кога е тоа предвидено.
Сезонската храна е повкусна
Ако ги јадете намирниците кога им е сезона, ќе уживате во полно богатство на вкусови затоа што созревале во природни услови.
Сезонската храна е подобра за природата
Одгледувањето на погрешни намирници на погрешно место и во погрешен период од годината значи зголемено користење на хемиски соединенија кои не им штетат само на намирниците, туку и на природата.
Сезонската храна е поздрава
Како што хемиските соединенија за одгледување ќе ги нарушат лековитите својства на намирниците, исто така ќе имаат негативно дејство и на здравјето. Резултатот на ова е што јадете нешто за што мислите дека е здраво, а всушност го труете сопственото тело. Кога би јаделе сезонски, сигурно би јаделе и поздраво.
Најдобро овошје
Јаболки
Содржат многу малку заситени масти, холестерол и сол. Им припаѓаат на најздравите намирници во светот и се многу добар извор на диетални влакна и витамин Ц. Ако сте во можност јадете јаболки од органско производство затоа што ова овошје е со речиси најголемо ниво на пестициди.
Брусници
Содржат многу малку заситени масти, холестерол и сол. Добар извор се на диетални влакна и витамини Е и К, витамин Ц и манган.
Грејп
Исто така, содржи многу малку заситени масти, холестерол и сол. Добар извор е на диетални влакна, а одличен извор на витамини А и Ц. Има интензивен вкус кој не им одговара на сите луѓе.
Киви
Содржат многу малку заситени масти, холестерол и сол. Добар извор се на диетални влакна и витамин А, калиум и бакар. Одличен извор се на витамините Ц и К.
Лимон
Содржат многу малку заситени масти, холестерол и сол. Добар извор се на фолна киселина и калиум, а одличен извор на витамин Ц.
Портокал
Содржат многу малку заситени масти, холестерол и сол. Добар извор се на тиамин, фолна киселина и калиум, а одличен извор на диетални влакна и витамин Ц.
Калинка
Содржат многу малку заситени масти, холестерол и сол. Добар извор се на диетални влакна и витамини Е и К, витамин Ц и манган.
Добар извор е на дителани влакна и фолна кислеина, а одличен извор на витамини Ц и К.
Мандарина
Содржат многу малку заситени масти, холестерол и сол. Добар извор се на диетални влакна, а одличен извор на витамини А и Ц.
Најдобар зеленчук
Брокула
Таа е една од најздравите намирници. Добар извор е на протеини, витамин Е, тиамин, рибофлавин, калциум, железо, магнезиум, фосфор и селен. Брокулата е одличен извор на диетални влакна, витамини А, Ц, К, Б6, фолна киселина, калиум и манган, заради што е крајно време да почнете почесто да ја консумирате.
Прокељ
Содржат малку заситени масти и многу малку холестерол. Добар извор се на тиамин, рибофлавин, железо, магнезиум, фосфор и бакар, аодличен извор се на диетални влакна, на витамини А, Ц, Б6, фолна кислеина, калиум и манган.
Зелка
Содржи малку заситени масти и холестерол. Добар извор е на тиамин, калциум, железо, магнезиум, фосфор и калиум, а одличен извор е на дителани влакна, витамини Ц, К, Б6, фолна кислеина и манган.
Морков
Содржи малку заситени масти и холестерол. Добар извор е на тиамин, ниацин, витамин Б6, фолна кислеина и манган и многу дбар извор на диетални влакна, витамини А, Ц, К и калиум.
Карфиол
Добар извор е на протеини, тиамин, рибофлавин, ниацин, магнезиум и фосфор. Одличен извор е на диетални влакна, витамини Ц, К, Б6, фолнма киселина, пантотенска кислеина, калиум и манган.
Целер
Добар извор е рибофлавин, витамин Б6, пантотенска киселина, калциум, магнезиум и фосфор, а одличен извор е на диетални влакна, витамини A, C, K, фолна киселина, калиум и манган.
Спанаќ
Содржи малку заситени масти и мноу малку холестерол. Добар извор е на ниацин и цинк, а одличен извор е на дителани влакна, протеини, витамини A, C, E, K, тиамин, рибофлавин, витамин Б6, фолна кислеина, калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум, бакар и манган.