Поточарката има малку горчлив вкус, а најслична е на комбинацијата на рукола и спанаќ. Богата е со многу витамини и минерали, а погодна е за салати, варива, сендвичи, пити, а со неа може да се прават и многу интересни шејкови. Наједноставна за консумирање е во свежа варијанта, како салата.
Додадете ѝ морска сол, малку маслиново масло, сок од лимон и лук. Јадете ја откако ќе отстои барем еден час. Можете да ја комбинирате и со маслинки, туна и фета сирење.
Состојки:
1 китка поточарка
3 млади кромитчиња
150 г урда или некое друго меко сирење (на пример, моцарела или фета)
Една рака семки од тиква
Масло од тиква
Лимон
Сол, црн пипер
Приготвување:
- Исечкајте го кромидот и ставете го во сад заедно со ливчињата поточарка. Додадете ја здробената урда и се поросете со семки од тиква.
- Салатата зачинете ја со масло од тиква, сок од лимон, сол и црн пипер по вкус.