Повеќето од нас би уживале во парче врвна торта во било кој момент, но само неколкумина имаат можност да уживаат во вистински декадентните деликатеси на слаткарницата LeNovelle Cakes од Џакарта.
Оваа семејна слаткарница е специјализирана за неверојатни свадбени торти. Од дворци од бајките, глазирани катедрали и огромни пагоди, тие креираат вистински импресивни слатки деликатеси.
Основана во 1993. Година како обична слаткарница која се занимавала со креирање на роденденски торти за семејството и пријателите, LeNovelle Cakes е сега позната во целиот свет токму заради ремек-делата што ги креира.
За изработка на едно нивно ремек дело се потребни 24 луѓе, 12 часа работа дневно и повеќе од еден месец. Нивните креации се често високи околу 7 метри и е потребен камион за да се однесат до местото на прославата. За една нивна торта биле потребни дури пет камиони и осум луѓе, само за превоз и составување.
За жал, овие фасцинантни торти се само делумно јадливи, затоа што голем дел од нивните детали се направени од стиропор кој е обложен со фондан и со шеќер. Цената на нивните креации се движат од 5.000 долари, а најскапата што ја продале досега чинела половина милион.