Најсочниот брауни без брашно, со грав?

Познато е дека разновидноста, но и умереноста се клуч на здравиот живот. Познатите блогери за храна на своите Инстаграм профили секојдневно не развеселуваат со нови рецепти кои ни го олеснуваат готвењето и уживањето во нови здрави рецепти.

0
149
@gatherandfeast

Некои избегнуваат да јадат благо, додека пак други, кои не можат или не сакаат да се откажат од ова уживање, ги прават на различни начини, но без брашно, а со состојки кои се докажано здрави, какаото, како извор на антиоксиданси и главната состојка, црвен грав кој му дава на колачот прекрасна сочност.

Состојки:

1 конзерва црвен грав

3 јајца

1/3 шолја кокосово масло

¼ шолја какао

½ лажичка цимет

1 лажичка екстракт од ванила

½ шолјичка мед

200 г чоколадо за готвење

Прстофат сол

Јаткасти плодови по желба

Приготвување:

Вклучете ја рерната на 200 степени, а калапот за печење обложете го со хартија. Гравот, јајцата, маслото, солта, циметот, какаото, ванилата и медот измешајте ги па префрлете ги во сад и додадете по желба сечкани јаткасти плодови. Савете ја смесата во калап и печете 35 минути, а во меѓувреме стопете го чоколадот на тивок оган. Прелејте го колачот  оставете го во фрижидер на еден час.

Фото: Инстаграм (@gatherandfeast)