Генерално, количината на пестициди се зголемува од година во година, но научниците тврдат дека бенефитите од јадењето на овие продукти ги надминуват можните штети од количеството пестициди.
Кај овие плодови, најдобро е да ги изберете оние со органско потекло, а не традиционално одгледаните, со што можната штета по вашето здравје ќе ја сведете на минимум.
Доколку сепак одберете да ги купите оние вторите, традиционално одгледаните, обрнете особено внимание на миењето!
За да се ослободите од сите бактерии и хемикалии од површината на овошјето, задолжително треба добро да ги измиете. Но, често миењето под млаз вода не е доволно. Како да ги остраните хемикалиите од зеленчукот и овошјето пишувавме овде.
Според истражувањето, најмалку пестициди имаат пченката, авокадото, ананасот, зелката, лукот, грашокот, мангото, доматите, дињите, кивито, грејпфрутот и печурките.