Најдобрите македонски бармени ќе ни ја матат главата по 11. пат

Во ресторанот Four, на 24.април 30 македонски бармени ќе се борат за учество на светското првенство на бармени во Талин.

0
180

По единаесетти пат, оваа година во ресторанот Four, ќе се одржи Државното првенство на бармени во организација на Здружението на бармени на Република Македонија.

Државното првенство на бармени оваа година има богата и колоритна програма која опфаќа неколку едукативни семинари, предизвици и секако натпревари кои не носат до самото финале.

Според светските IBA стандарди, стручно маневрирање со алкохолни пијалоци, супер автентична коктел атмосфера, на 24. април 30 македонски бармени ќе се борат за учество на светското првенство на бармени во Талин, Естонија.
Најдобрите од најдобрите освен можноста да ја претставуваат нашата држава, ќе се стекнат со бројни едукативни можности и семинари за надградба на својот потенцијал.

Учесниците ќе бидат оценувани од технички судии според неколку критериуми:
– брзина и техника на изведба на класична подготовка на коктел
– работа со барски прибор
– умешност при декорација
– внимавање на хигиена при подготовка на коктел како и на бар простор
– ниво на позитивна енергија
– secret tasting ( тајно оценување на вкус позади сцена ).

Влезот за сите заинтересирани посетители е бесплатен.
Оттаму ветуваат одличен настан кој се планира цела година, а се дегустира во неколку часа!

Повеќе информации за комплетната агенда можете да најдете на веб страната bar.mк

Кој беше минатогодишниот победник на Државното првенство на бармени потсетете се ТУКА.