Најдобриот македонски бармен ќе патува во Кина

Победникот на 12. Државно првенство на бармени кое годинава ќе се одржи на 26. и 27. март во Охрид, ќе ја претставува нашата држава на Светскиот шампионат за коктели во Република Кина.

0
210

Оваа година по 12-ти пат ќе се одржи Државното првенство на бармени на Македонија. Забавата, пријатната атмосфера и супериорните таленти на бармените ќе го оправдаат и ова првенство.

Дводневното првенство ( 26. и 27. март) ќе биде исполнето со богата агенда во која се предвидени многубројни семинари, натпревари и квалификации.

Локацијата годинава ќе биде во Liquid Boutique Bar & Kitchen во Су Хотел на самиот брег од прекрасното и живописно Охридско езеро.

Нема да изостанат врвните техники кои го чинат секое натпреварување возбудливо, вештините при маневрирање со пијалоците и секако стандардот IBA кој ни дава сериозен пристап кон самиот натпревар.

Настанот бележи официјален почеток на 26.март  во 12 и 30 кога ќе пристигнат самите натпреварувачи и ќе учествуваат во лотаријата за редослед.

Како дел од квалификациите се очекува место да заземат 30-тина учесници, кои ќе бидат оценувани од технички судии според неколку критериуми:
– брзина и техника на изведба на класична подготовка на коктел
– работа со барски прибор
– умешност при декорација
– внимавање на хигиена при подготовка на коктел како и на бар простор
– ниво на позитивна енергија
– secret tasting (тајно оценување на вкус позади сцена)

Во исклучително софистициран амбиент под отворено небо ќе го одбереме нашиот победник кој ќе ја претставува државата во Република Кина на World Cocktail Competition .