Состојки:
3 банани
3/4 шолја кафеав шеќер
1/2 шолја сок од јаболка
1 лажичка екстракт од ванила
1 јајце
1 шолја брашно
1/2 шолја какао
1 лажичка сода бикарбона
Сол
1 пакување чоколадни капки
Приготвување:
Загрејте ја печката на 170 °C. Намрсете и со брашно наросете го калапот за печење. Измешајте ги бананите со миксер. Помешајте ги со сок од јаболка и шеќер, додадете ги екстрактот од ванила и јајцето. Помешајте ги брашното, какаото, содата и солта. Додадете ги во три наврати во смесата со банани. На крај помешајте ги чоколадните капки. Печете 45 – 50 минути.