Состојки:
300 г туна
600 г компири
1 лажица масло
сол, црн пипер
2 дл павлака
2 јајца
Приготвување:
- Исечкајте ги компирите на тенки кругови, малку сварете ги во вода за да омекнат, исцедете ги и посолете ги.
- Премачкајте ја тепсијата со малку масло и наредете еден ред компири, па ред сечкана туна и зачинете си сол и црн пипер и други зачини по желба.
- Повторете ја постапката се додека не го потрошите целиот материјал и завршете со ред компири.
- Прелијте ги компирите со кисела павлака во која сте изматиле две јајца. Печете околу 40 минути на температура од 180 степени.