Моите домати се поубави од твоите!

После овој оброк дефинитивно нема да ве боли стомак...лесни се и можете да уживате и да изедете барем два

0
307

Да, често јадеме домати во лето…како салата или како главен оброк, сеедно…па уште ако случајно ви се најде некој домашен, од оние без дрво внатре, ќе имате одличен оброк.

Не ги јадам првпат, ама затоа првпат ги правам. И утрово добив признание: Твоите се поубави од моите – рече мојот учител!

Состојки:

10 домати

1 шолја ориз

150 г пилешки гради (ако сакате веге варијанта, прескокнете ја оваа состојка)

200 г сирење

2 кесички мајонез

1 павлака

сол (само ако сирењето не е доволно солено)

копар

црн пипер

оригано

малку кцана сол

ситно сечкан свеж магдонос

Приготвување:

  1. Сварете го оризот и оставете го да се олади.
  2. Во меѓувреме, исечете ги капаците од доматите и зачувајте ги за да ги покриете на крајот. Издлабете ги доматите и зачувајте ја содржината за да направите следниот ден или евентуално ден потоа, сос за шпагети.
  3. Кога оризот ќе се излади ставете го во длабок сад и додадете ги зачините, магдоносот, ренданото сирење и пилешките гради, мајонезот и павлаката и се убаво измешајте.
  4. Наполнете ги доматите со смесата и затворете со капачињата. Ставете ги во фрижидер убаво да се изладат пред послужување.

(Драгица Христова)