Млекари или билки: Кое млеко е поздраво за планетата?

Дали знаете во која мерка е трендот за пиење билни млека корисен за планетата?

0
253

Сѐ попопуларната употреба на билни млека во однос на млекото кое стасува од млекарите, се поврзува со заштитчниот став кон ограниенте природни ресурси.

Се смета дека со преминуање од кравјо на млеко од соја, на годишно ниво би се спречило исушувањето на 250 км³ вода. Еквивалетно на ова би било кога сите луѓе на светот би се откажале од бањање на една година.

Што се однесува на ефектот на стаклена градина, емисијата на штетни гасови би е намалила за речиси 1 билион тони годишно – што е вкупната емисија на штетни гасови во Германија за година дена.

Од друга страна, и производството на млеко од билки создава одредени природни трошоци.

На пример, на бадемите им е потребно многу вода за да се одгледуваат. Бидејќи најголемотдел од вкупното производство на бадеми на планетава се одвива во Калифорнија, кадешто постои растечки проблем од недостаток на вода, дополнителен притисок создава и производството на бадемово млеко.

Што се случува со оризовото млеко?

Луѓето често го поврзуваат подждригнувањето со кравјото млеко о метан-гаст кој се ослободува од него, меѓутоа, метан-гас се ослободува и во процесот на респирација на бактерите кои живеат под поплавеното оризово тло. Иако станува збор за количини метан-гас кои седалеку помали од оние кај кравјото млеко, сепак се значително поголеми отколку кај другите видови млеко.

Проблемот пак со овесното млеко е тој што во производството на овес, иако лесно опстанува во различни климатски услов, бара поголема обработка на земјиштето отколку за било која друга растителна алтернатива.

Производството во млекарите е неспоредливо поштетно од производството на било кое растително млеко, па преоѓањето на било кое природно млеко би било подобро за здравјето на планетата.

Фото: Pixabey