Мини пити со јаболки и цимет

За овој рецепт ќе ви биде потребен апарат за тостирање на триаголни сендвичи, или кој било друг апарат за тостирање.

0
1002

Ако сте љубител на питата со јаболки, ова едноствно мора да го пробате.
За овој рецепт ќе ви биде потребен апарат за тостирање на триаголни сендвичи, или кој било друг апарат за тостирање. Дури и ако го немате, може да ги направите во рерна. Можеби ќе ви треба малку повеќе време, но ќе бидат подеднакво вкусни.

Состојки:

75  јаболки исечкани на коцки
1 мала лажичка кафеав шеќер
20 г суво грозје
1 лажица рендана кора од лимон
1 лажица сок од лимон
½ мала лажичка цимет
¼ мала лажичка мускатно оревче
2 мали лажички јаворов сируп или мед
лиснато тесто

Приготвување:

За приготвување на филот ставете ги во тавче сите состојки и гответе на среден оган, пет минути. Во меѓувреме, разлечете го купечкото лиснато тесто и исечете го на квадрати.

Ставете еден квадрат во апаратот за тостирање, сипете малку фил од јаболка и цимет, додадете две мали лажички јаворов сируп или мед, па ставете друг квадрат лиснато тесто.

Тостирајте неколку минути, извадете и уживајте! По желба наросете малку шеќер во прав или додадете малку шлаг.