Мешавината од мед и куркума е позната и како златна мешавина, не само заради големите здравствени придобивки за организмот, туку и заради изгледот, односно, бојата која се добива кога ќе се помешаат.
Куркумата и медот имаат силни противвоспалителни и антиканцерогени својства, па помагаат за уништување на многу видови на бактерии кои се предизвикувачи на болести, а ја зголемуваат и природната отпорност на организмот па е добро да се консумираат заедно и при настинки или грип. Особено се препорачува за пушачите.
Куркумата содржу куркумин (природна активна состојка) која делува врз повеќе од 150 различни болести.
Состојки:
1 лажичка рендана кора од лимон
1 лажичка куркума
100 г мед
2 лажички јаболков оцет
Прстофат црн пипер
Приготвување:
Измешајте ги куркумата, оцетот и црниот пипер, па додадете ги кората од лимон и медот. Добро измешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса.
Ставете ја смесата во стаклена чаша или во тегла и чувајте ја во фрижидер.
Дозирање:
Дневната доза е една супена лажица, а најдобро е да се зема наутро. Ставете ја смесата во уста и дозволете да се стопи, па потоа голтнете. Почекајте неколку минути пред да се напиете вода или некоја друга течност.