Најубавите рецепти се во мојата глава. Можеби звучи нескромно, ама кај нас е обратно: наместо да пазариме тоа што пишува во рецептот, правиме со тоа што имаме дома.
За среќа, секогаш има по некоја здрав производи, од оние, незнам за што и кога ќе ми треба, ама нека се најде.
Така ги направивме и овие мафини.
Состојки:
3 јајца
5 лажици спелтино брашно
1 шолја брашно од овесни снегулки
1 шолја јогурт
1/2 прашок за пециво
4 лажици маслиново масло
рендан кашкавал
кисели краставички
семки за поросување
Приготвување:
Помешајте ги двете брашна со прашокот за пециво.
Изматете ги јајцата, па додадете го јогуртот и маслото.
Намалете ја брзината на миксерот и додавајте ги полека брашната.
На крајот, изрендајте внатре кашкавал и исечкајте 2-3 помали кисели краставички.
Калапите за мафини намачкајте ги со малку путер и ставајте со лажица од смесата. Поросете со семки по ваш избор.
Се разбира, во мафините можете да додавате и други работи, на пример, можете да исечкате и малку сланина.
Се печат во загреана рерна околу 20 минути.