Месено, обликувано, печено…

Кога сте љубител на вакви „тракатанци“, а секој ден пишувате за здрава храна, еден ден секако мора да дојдете и до спелтиното брашно и да пробате да направите и некоја поздрава верзија на солени мафини

0
204

Најубавите рецепти се во мојата глава. Можеби звучи нескромно, ама кај нас е обратно: наместо да пазариме тоа што пишува во рецептот, правиме со тоа што имаме дома.

За среќа, секогаш има по некоја здрав производи, од оние, незнам за што и кога ќе ми треба, ама нека се најде.

Така ги направивме и овие мафини.

Состојки:

3 јајца

5 лажици спелтино брашно

1 шолја брашно од овесни снегулки

1 шолја јогурт

1/2 прашок за пециво

4 лажици маслиново масло

рендан кашкавал

кисели краставички

семки за поросување

Приготвување:

Помешајте ги двете брашна со прашокот за пециво.

Изматете ги јајцата, па додадете го јогуртот и маслото.

Намалете ја брзината на миксерот и додавајте ги полека брашната.

На крајот, изрендајте внатре кашкавал и исечкајте 2-3 помали кисели краставички.

Калапите за мафини намачкајте ги со малку путер и ставајте со лажица од смесата. Поросете со семки по ваш избор.

Се разбира, во мафините можете да додавате и други работи, на пример, можете да исечкате и малку сланина.

Се печат во загреана рерна околу 20 минути.