Мерење без вага

Ова е за оние кои не сакаат рецепти со „отприлика“ состојки, а одлично објаснување за нејасните состојки во рецептите

0
679

Мерките се заокружени на приближните вредности, но ќе бидат доволни за основните рецепти.

1 чаша = 250 мл
½
чаша = 125 мл
¼
чаша = 62 мл
1/3
чаша = 84 мл

Путер и маргарин

1 маргарин = 250 г
½ маргарин = 125 г
¼ маргарин = 62 г = малку помалку од ¼ чаша

Целиот магарин прво со нож преполовете го, а потоа половинките уште еднаш.

Брашно и шеќер во прав

3 чаши = 400 г
1 чаша = 130 г
½ чаша = 65 г
¼ чаша = 32 г

Бел шеќер

1 чаша = 200 г
¾
чаша =150 г
½
чаша = 100 г
¼
чаша = 50 г
2
лажици = 25 г
1
лажица = 12 г

Фото: Pixabey