Мексиканска супа од домати

Оваа супа содржи четири состојки кои се најтипични за Мексико: домати, авокадо, пченка и чили.

0
304

Состојки:

2 средно големи глкавици кромид

1 чешне лук

1 чили пиперче

1 л пилешка или растителна супа

5 поголеми домати

½ литар пасираниу домати (сок)

Сол, црн пипер

По желба: свежи листови коријандер

За послужување по човек:

Барем пола зрело авокадо исечено на коцкички

1 тортилја (ако немате, тогаш може да послужите и пченкарен чипс)

1 лажица кисела павлака

1 лажица здробено фета сирење

Приготвување:

Пропржете го исечканиот кромид, а потоа и лукот. Штом ќе замирисаат, пропржете ги кратјко и излупените и исечкани домати. Додадете сок од домати и варете 10 минути.

Додадете ја пилешката (или растителната) супа, чили и останатите состојки и варете 15 минути а потоа се иситнете со миксер.

На дното од секој сад ставете раздропбена тортилја и прелијте со супата. Ставете парчиња авокадо, евентуално свеж коријандер, кисела павлака, а во средината и раздробено фета сирење.