Медар од Турција „вработил“ мечки како дегустатори (ВИДЕО)

Производителот на мед од Турција, Ибрахим Седеф, имал многу непроспиени ноќи затоа што мечките ноќе му ги уништувале кошниците со мед, но успеал сѐ да сврти во своја полза. Еве одлична идеја и за нашите пријатели-медари

0
327

Ибрахим Седеф, производител на мед во Турција поминал многу непроспиени ноќи поради мечките кои му го краделе медот и му ги уништувале кошниците.

Првин се обидувал да ги спречи такашто поставил заштита околу медот, но тоа не помогнало, па освен што го изгубил медот, претрпел и дополнителна материјална штета.

Потоа поставил ноќни камери и се обидел да научи нешто од однесувањето на мечките што би можело да му помогне во борбата против нив. И добил одлична идеја.

Наместо да се обиде да ги избрка од неговиот мед, тој им поставил маса со примероци и ги претворил мечките во дегустатори. Снимката од дегустациите подоцна ги споделил со медиумите па така добил и бесплатна реклама.

Имено, се покажало дека мечките имаат многу „скап“ вкус па така најмногу уживале во медот Анзер чија цена достига и до повеќе стотици евра за 1 килограм.