Нездравата исхрана и премалку движење можат да резултираат со развој на неалкохолен замастен црн дроб, односно со болест на најголемата жлезда во човечкото тело која не е предизвикана од прекумерна консумација на алкохол, а погодува сѐ повеќе луѓе во западните земји.
„Виновник за тоа е нашиот животен стил. Комбинацијата од висококалорична исхрана богата со јагленохидрати и хроничното отсуство на вежбање“, вели Николаи Њорм, професор по нутритивни науки на факултетот во Саарбрукен.
Таквиот вид на исхрана го снабдува организмот со многу „горива“, кои ако не се вежба, не му требаат на телото, поради што вишокот на калории ги претвара во маст.
„Ако масното ткиво не е добро снабдено со крв, а тоа повторно има врска со вежбањето, губи способност за таложење. Затоа телото ќе побара ново место за складирање вишок масти и го наоѓа во стомачната празнина.
Првенствено во црниот дроб“, вели Ворм. Ако не се открие на време, црниот дроб може да доведе до дијабетес тип 2 или цироза. Луѓето кои се препознаваат во ваквиот начин на живот треба да одат на лекарски преглед дури и ако не се дебели“, советува Ворм.
„Знаците за замастен црн дроб на лекарите им е релативно лесно да ги откријат, но за жал, премногу ретко се бараат“, појаснува професорот.
За ова нема медикаменти и најдобар лек е промена на исхраната. „Тоа значи помалку шеќер, вклучувајќи ја фруктозата. Тоа е најважно“, вели Ворм.
„Нема сокови, нема смути и што помалку храна богата со скроб“. Пациентите би требало да избегнуваат рафинирани јагленохидрати како белото брашно. Професор Ворм препорачува и подолги интервали помеѓу оброците, најмалку 4 до 5 часа, затоа што на пациентите со замастен црн дроб нивото на инсулин после јадење им е превисоко. За да го снижат тоа ниво, организмот мора да биде без храна неколку часа“, објаснил тој.
Фото: Pixabey