Малините го намалуваат ризикот од рак и кардиоваскуларни болести, а ја зголемуваат плодноста

Овие мали бобинки се богати со хранливи материи, витамини и минерали и го забавуваат стареењето, го штитат срцето, го поттикнуваат слабеењето, па дури и ја зголемуваат плодноста.

0
264

Еве кои се здравствените предности на малините:

Борба против ракот

Малините се полни со антиоксиданси кои активно учествуваат во борба против ракот. Тие содржат 10 пати поголема концентрација на антиоксиданси од доматите.

Истражувањата покажуваат дека фитонутриентите на малините имаат важна улога во намалувањето на оксидативниот стрес и воспалителните процеси во телото.

Здравје на кардиоваскуларниот систем

Малината содржи калиум кој помага за регулирање на отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Исто така, изобилуваат со манган, бакар и железо кои произведуваат црвени крвни клетки.

Подобра плодност

Стручњаците тврдат дека витаминот Ц и магнезиумот, кои се наоѓаат во малините, можат да ја подобрат плодноста кај мажите и жените. Уште една теорија тврди дека антиоксидансите во малините го штитат здравјето на сперматозоидите и го намалуваат ризикот од спонтан абортус.

Зголемување на меморијата

Со консумирање на малините може да ги спречиме оштетувањата на мозокот и губењето на помнењето во постара животна возраст.

Здравје на ткивата и крвните жили

Малините се полни со витамин Ц кој помага за регенерација на кожата, коските, лигаментите и крвните жили.

Противвоспалителни својства

Заради своите противвоспалителни својства, малините штитат од срцеви болести, го зајакнуваат имунитетот и го поттикнуваат варењето.

Го јакнат имунитетот

Витаминот Ц со кој се богати малините го јакне имунитетот и штити од ретките инфекции. Го зголемуваат нивото на антиоксиданси во малините што исто така влијае и на одложувањето на стареењето.

Здравје на очите

Комбинацијата на витамин А, витамин Ц и феноли го чуваат видот и штитат од појава на суви очи.

Побрзо и поздраво слабеење

Малините се богати со влакна, а сиромашни со калории што е идеална комбинација за слабеење. Ова слатко сезонско овошје исто така содржи многу вода и калиум кој спречува деходрација во овие врели летни месеци.

Погодно за дијабетичари

Малините имаат низок гликемиски индекс, што ги прави погодни за дијабетичари и сите оние кои мора да го следат нивото на шеќер во крвта.