Македонските шефови се враќаат од Брач со пехар и златни медали

Бобан Симоновски, Зоран Мајновски и Зоран Андонов oсвоија прво место, пехар и три златни медали во тимското натпреварување на Интернационалниот кулинарски натпревар на островот Брач и поединечни награди во други категории

0
404

Шефовите од здружението Macedonian Multiethnic Culinary Chef-M.M.C.C., Бобан Симоновски, Зоран Мајновски и Зоран Андонов, на годинешниот меѓународен фестивал „Бисер мора“ во Супетар, на Брач, освоија 1 место и три златни медали во тимско натпреварување.

Освен ова, шеф Бобан Симоновски oсвои сребрени медали и во категориите за десерти и за тестенини.

Инаку, Меѓународниот фестивал „Бисер мора“ е најголем кулинарски натпревар во овој дел од Европа, а по 14.пат се одржа од 9 до 13.април во Супетар на Брач.

„Бисер мора“ обединува натпревари на професионални готвачи и европски туристичко-угостителски училишта со мастер класови со предавачи од целуиот свет, тркалезни маси, енолошки работилници, готвачко шоу, гастро изложби, дегустации, тематски вечери, гастро тури и забавна програма.

Досега учествувале повеќе од 1000 готвачи од 30 земји со што „Бисер мора“ станал најголема манифестација од овој тип во овој дел од Медитеранот. Манифестацијата ја следат и голем број новински и телевизиски куќи, а ја посетуваат и неколку илјадници луѓе.

Десертот на шеф Симоновски