Консумирањето на подгреан ориз може да доведе до труење 

За разлика од компирчињата, вусот на оризот и следниот ден е ист, но повеќето луѓе не знаат дека со остатоците од оризот лесно можат да се отрујат.

0
620

Оризот е една од намирниците која често ја готвиме во голема количина па следниот ден повторно ја сервираме како прилог. За разлика од компирчињата, вусот на оризот и следниот ден е ист, но повеќето луѓе не знаат дека со остатоците од оризот лесно можат да се отрујат.

Ова нема никаква врска со начинот на кој го подгреваме оризот, туку со начинот на кој го чуваме. Имено, сировиот ориз на себе има Bacillus cereus, микроорганизми кои брзо се размножуваат и кои можат да предизвикаат труење, дури и во случаи кога е оризот сварен.

Reader’s Digest пишува дека проблемот настанува кога сварениот ориз ќе го оставите на собна температура. Во тој случај, микроорганизмите се множат и прераснуваат во бактерии кои можат да предизвикаат труење. Колку подолго стои оризот на собна температура, поголема е концентрацијата на бактерии па со самото тоа и можноста да се отруете.

За да ја избегнете оваа ситуација, варениот ориз не го оставајте на собна температура подолго од еден час, а што побргу ставете го во фрижидер.

Фото: Pixabey