Мафини со сирење и семки

За овие мафини ви требаат: интегрално и пченкарно брашно, маслиново масло, кисела вода, сирење, јајца, семки за поросување и пола час од вашето време

0
445

Состојки:

3 јајца

2 чаши интегрално брашно

2 чаши пченкарно брашно

1 прашок за пециво

150 мл маслиново (или сончогледово) масло

400 мл кисела вода

200 г сирење

семки за поросување

Приготвување:

Вклучете ја рерната на 200 степени.

Со рачна маталка изматете ги јајцата па додадете ги течните состојки, а потоа, постојано мешајќи, и сувите. На крајот помешајте го и здробеното сирење или пак ставете здробени покрупни парченца сирење директно во калапите за мафини, па одозгора ставете од смесата во калапите, поросете ги со семки и печете околу 20 минути.

Од овие состојки ќе добиете 12 големи мафини.