Со ловоров лист, коса без првут

Добрите готвачи ја знаат тајната за богата и вкусна супа или чорба: ловоров лист. Оваа ароматична, маслинесто-зелена билка е често заслужна за суптилниот интензитет и вкус што прават еден оброк да биде незаборавен. Но ловориот лист не е добар само за подобрување на вкусот, туку и за вас.

0
646

Според сајтот Organic Facts, ловоровиот лист има својства кои се добри за детоксикација и го забавуваат стареењето. Исто така се бори и против бактериските инфекции и подобрува сè, од респираторни проблеми до здравје на срцето. Тоа е моќна билка, од кој секој може да има полза. Продолжете со читање за да го дознаете најдобриот начин ловоровиот лист да стане дел од вашиот секојдневен начин на живот!

Против анксиозност и замор
Комбинацијата на хемикалии во ловоровиот лист произведува смирувачки, психоделичен ефект кога согорува. Треба само да запалите неколку листови во просторијата во која живеете, на ист начин како што би запалиле и темјан. Најдобар дел од ова е тоа што ова не ве прави поспани, туку само го протерува заморот.

За респираторниот систем
Според Ayurvedic Oils ловоровиот лист е стимуланс за дишните патишта и може да помогне да се отстрани слузта од белите дробови. Најдобар начин да се излечи вашиот респираторниот систем е да се инхалирате со врела вода во која ќе ставите свежи или суви ловорови листови. Исто така, можете да ги масирате градите со масло од ловоров лист. Тоа е добро за лекување на алергии и астма.

Против првут
За третман на првутот, измешајте го со топло масло од јојоба. Масирајте го вашиот скалп со оваа мешавина и завиткајте ја главата со пешкир па оставете да дејствува 15 до 60 минути. Можете да додадете и неколку капки од ловорово масло во вашиот шампон.

Дијабетес
Ловоровиот лист е добар и за оние кои страдаат од дијабетес тип 2, бидејќи само 3 грама дневно го смалуваат нивото на гликоза.

Варење на храната
Доколку го вклучите ловоровиот лист во вашето готвење или земете масло од ловоров лист после јадењеќе го подобрите варењето на храната и секрецијата на дигестивните сокови, ензими и жолчката.

Здраво срце
Органското соединение во ловоровиот лист наречено caffeic acid е добро за зајакнување на капиларните ѕидови во срцето. Исто така помага да се елиминира лошиот холестерол од кардиоваскуларниот систем. Вклучете го во вашите рецепти.
Воспаление на зглобовите.
Има анти-воспалителни својства и ја ублажува болката паетеричните масла од ловоров лист имаат слични ефекти како анти-инфламаторните лекови. За ублажување на болката, се става етерично масло од ловоров лист на зглобовите а ловоровиот лист се користи како дел од вашата редовна исхрана.

Уринарни инфекции
Пиењето на прав од ловоров лист помешан со млеко е прастар третман на уринарни инфекции.

Совет: Ловоровиот лист е чудо од билка. Ефтин и лесно достапен. Обидете се со додавање на неколку листови во вашиот следен оброк, супа, варен зеленчук или месо. И не заборавајте да се обиде со етерично масло од ловоров лист да ги третирате вашите проблеми со првут, респираторните проблеми, и воспаленијата.