Лимонада со куркума наместо антидепресиви

Куркумата има силни антивоспалителни својства, ги убива канцерогените клетки, лекува депресија, го намалува холестеролот, но е добар и за лекување на рак на кожа, Алцхајмерова болест, артритис, киселини, жолтица, диареја, болки во желудникот...

0
423

Постојат многу лекови што можат да се употребат за лекување на депресијата, но сите тие имаат лоши нус-појави. Затоа луѓето секогаш бараат алтернативни решенија во природата.

Освен што е добра за лекување на различни состојби и листата на здравствени придобивки од неа е навистина многу долга, куркумата ја лекува и депресијата. Ова го прави со помош на посебна состојка која се нарекува куркумин, а докажано е дека е тој повлијателен дури и од флуоксетинот што го содржи Прозакот (Prozac), инаку, еден од најпознатите лекови против депресија.

Како да се направи лимонада од куркума

Постојат различни начини на кои можете да направите лимонада од куркума, а ние го одбравме наједноставниот начин.

Состојки (за 4 лица):

4 шолјички вода

2 лажици рендана или куркума во прав

4 лажици јаворов сируп или мед

сок 1 лимон

сок од 1 портокал

Приготвување:

Помешајте ги сите состојки во сад, помешајте и послужете со парченца лимон

Корисни својства на куркумата

– Содржи антивоспалителни, антиоксидантни и антивирусни својства

– Го крева имунитетот кој ќе ја подобри апсорпцијата на есенцијалните нутриенти

Се употребува во многу детокс-рецепти затоа што ги апсорбира хранливите материи и ги намалува калориите.

– Може да се консумира секојдневно и добро оди со секој вид на храна

Исто така, добра страна на овој рецепт е што не чини многу, а можете да го приготвите и сами и да не трошите повеќе пари за лекови. Внимавајте да не го изложувате на високи температури затоа што може да го намали или да го ослабне нивото на хранливи материи.

Фото: Pixabay