Десет намирници кои може да ги јадете и по истекот на рокот

Првото нешто што го гледаме кога купуваме некој производ, е рокот на траење. Меѓутоа, треба да знаете дека некоја храна може да се јаде и по истекувањето на рокот?

0
832

Прочитајте кои се тие намирници и следниот пат кога ќе се соочите со некоја од нив во вашата кујна, не ја фрлајте веднаш во кантата за отпад.

Сите знаеме дека храната има свој рок на траење. Меѓутоа, некогаш е навистина тешко врз основа на мирисот да се одреди дали е одреден производ расипан.

„Ознаките „важи до“ на производите се дел од модерната индустрија, но важно е таа ознака да се разликува од ознаката „најдобро е да се употреби до“.

Кај втората ознака, не значи дека храната ќе се расипе ако поминал предвидениот датум, туку дека храната ќе изгуби на квалитет. Таа нема да биде штетна, само ќе изгуби на вкус и текстура.

Еве кои намирници можете да ги јадете/пиете и тогаш кога на пакувањето ќе ви пишува дека им истекол рокот:

Млеко

Пастеризираното млеко ќе издржи 50 отсто подолго од времето определено со рокот доколку го чувате на ниска температура. Ставете го во задниот дел од фрижидерот, а не на вратата. Сепак, доколку се случи да се скисели, слободно искористете го за правење палачинки.

Јајца

Според извештајот на научничката Дејни Гундерс, која се занимава со истражување на храната, јајцата можат да траат и од три до пет недели. Меѓутоа, мораат да се чуваат на температура од мунус пет степени Целзиусови затоа што тоа го спречува потенцијалниот раст на салмонела.

Храна „богата“ со шеќер

Било која храна што има во себе доста шеќер, како пекмезот и медот, е безбедна за консумирање, затоа што доколку се овие производи домашни, тие немаат рок на траење.

Чипс

Знаете и сами дека доколку овие за многумина омилени грицки, неколку дена стојат отворени, омекнуваат, но нема причина да ги фрлите затоа што ги чува големата колчина сол што ја содржат.

Колачи

Колачите можете да ги јадете доста долго по истекот на рокот, а доколку не ви се допаѓаат ако се премногу омекнати, слободно ставете ги на неколку минути во рерна.

Суви тестенини

Доколку правилно се чува, може да трае „вечно“.

Леб

Ставете го во замрзнувач и ќе ви трае вечно. Сепак, обрнете внимание да ги отстраните мувлосаните делови.

Храна во конзерва

Ако ја чувате на ладно и темно место, дополнително ќе ѝ го продолжите рокот на траење.

Салата

Сѐ додека не почне да се создава мувла по неа, можете да ја „опоравите“ во ладна или во млака вода.

Чоколадо

Овој омилен деликатес може да трае многу долго. Ако видите дека е побелено, слободно јадете го, тоа е само маснотијата која со топењето избива на површината.

Фото: Pixabay