Состојки:
1/2 кг свежи бамји
1 пченка
1 голем виолетов кромид
околу 15 шери доматчиња
3 лажици маслиново масло
сол, црн пипер
1 зрело авокадо
Приготвување:
Во големо тенџере со зовриена солена вода, бланширајте ја бамјата додека не стане светло зелена (околу 30 секунди). Добро исцедете и оставете да се олади до собна температура. Исечете ја бамјата на парчиња и исфрлете ги рачките.
Додадете ги пченката, кромидот, маслиново масло, морска сол и црн пипер во голем сад за салата и помешајте нежно додека маслиновото масло не се распореди рамномерно. Оставете ја да отстои околу 30 минути или повеќе.
Пред сервирање, исечете го авокадото на парчиња и распоредете го врз салатата.