Летна салата што не смееме да ја пропуштиме

0
540

Знаеме дека се тиквичките нискокалоричен зеленчук, содржат само 20 калории на 100 грама. Знаеме дека се богати со витамини, минерални соли и хранливи материи. Во комбинација со леблебиите кои речиси и немаат масти, но изобилуваат со растителни протеини, влакна и фосфор, добивате една хранлива бомба.

Ориганото му доаѓа како „шлаг на торта“, затоа што изобилува со антиоксиданси и минерали, што го прави одличен за системот за варење и нервниот систем.

Состојки:

120 г наут (суви леблебии)

3 тиквички

3-4 лажици маслиново масло

50 г козјо сирење

Неколку листови свежо оригано

1 лимон

Приготвување:

Потопете ги леблебиите во вода и оставете ги преку ноќ. Наутро исцедете ги и префрлете ги во тенџере, налејте со ладна вода и варете ги на висока тепература околу 45 минути или додека не омекнат. Исцедете ги и оставете ги настрана.

Тиквичките измијте ги и исечете ги на тенки кришки. Загрејте ја грил тавата на висока температура, тиквичките премачкајте ги со масло и потпечете ги 1-2 минути од двете страни, додека не омекнат.

Ставете ги во чинија, одозгора ставете ги леблебиите и здробеното козјо сирење и поросете свежо оригано. Зачинете по вкус, прелејте ја салатата со преостанатото масло и послужете со парчиња лимон.