Лен, бамја и копар – делотворна помош кај дијабетес

И дијабетесот, баш како и секоја друга болест, може да се лекува на природен начин.

0
993

Во својата исхрана, освен интегрални житарки и мешунки, секако воведете ги и овие три билни намирници кои извонредно ја регулираат глукозата во крвта – тоа се ленот, бамјата и копарот.

Овие три билки имаат низок гликемиски индекс, спречуваат појава на воспалителни состојби и отпорности на инсулин. Освен тоа, богати се со витамини и минерали и придонесуваат за здраво губење на килограмите.

Ленено семе

Oние кои имаат состојба на предијабетес, односно, пореметување на толеранцијата на глукоза, секако би требало да консумираат лен.

Имено, антиоксидансите во лененото семе спречува воспалителни состојби и отпорност на инсулин и на тој начин штитат од дијабетес.

Овие здрави семки се богати со алфа-линоленска киселина, која спаѓа меѓу омега-3 масните киселини. Храната богата со омега-3 масни киселини докажано ја зголемува осетливоста на инсулин.

Студијата спроведена во 2016.година ја покжала делотворноста на лененото семе кај дијабетесот тип 1 и 2.

Исто така, ленот го намалува нивото на хемоглобин А1ц, на кој е врзана глукозата, кај лицата кои боледуваат од дијабетес тип 2.

Со консумација на лененео семе дијабетичарите можат да ја снижат и постпрандијалната глукоза, односно, нивото на шеќер во крвта после оброкот, за дури 28 отсто.

Примена

Лененото семе може да се додава во салати или во некое јадење, во смути или во безглутенски леб. Се препорачуваат 1-2 лажици мелено ленено семе на ден.

Бамја

Овој исклучително здрав зеленчук ја урамнотежува глукозата во крвта па се смета за суперхрана за дијабетичари.

Содржи малку калории – на 100 грама, само 30.

Бамјата има низок гликемиски индекс и е вистинска ризница на витамини и минерали. Богата е со витамин Ц кој го јакне имунитетот што е важно за болните од дијабетес кои се склони и кон бројни други заболувања па е исклучително важно да го зајакнат одбранбениот систем на организмот.

Бидејќи е богата со влакна, бамјата ја забавува апсорпцијата на глукоза во цревата и го намалува нивото на шеќер во крвта после оброкот.

Бамјата помага кај:

Дијабетес тип 1 и 2

Гестацијски дијабетес (шеќерна болест во текот на бременоста)

Овој зеленчук го помага метаболизмот на јаглените хидрати благодарение на ензимите кои ги содржи.

Исто така, ја поттикнува работата на бета-клетките во панкреасот кои се одговорни за производството на инсулин.

Примена

Бамјата можете да ја јадете варена. Додадете ѝ прстофат сол и цеден лимон за подобар вкус.

Можете да си подготвите и вода со бамја: исечете ја бамјата на парченца, ставете ја во вода, поклопете и оставете ја преку ноќ, а изутрина испијте ја водата која ќе ви помогне фа го регулирате нивото на глукоза во крвта.

Копар

Старите Грци, Римјани и Арапи ја користеле оваа медитеранска билка во лековити цели, но ја консумирале и како зачин.

Копарот има низок гликемиски индекс и е богат со минерали и витамини, како и со здрави фитонутриенти. Извонреден е за кревање на системот за имунитет и придонесува за подобра работа на цревата.

Лисјата и семките на оваа билка помагаат за контрола на нивото на глукоза во крвта.

Според зборовите на американскиот ботаничар др.Џејмс Дјук, копарот содржи 70 различни материи кои можат да бидат од помош кај дијабетесот.

Истражувањата покажале дека екстрактот од лисјата од копар помага во лекувањето дијабетес тип 2 кој настанал како последица од земање стероидни лекови.

Примена

Направете си сок од лисја од копар. Добро измијте една рака свеж копар, ставете ја во блендер и испијте го наутро или навечер со прстофат сол и пола исцеден лимон.

Исто така, свежиот копар можете да го додадете во зеленчукови супи, салати, ориз и други јадења.

Дури и ако немате дијабетес, консумирајте го овој здрав зачин за да го држите под контрола нивото на глукоза во крвта.

Други билки кои помагаат кај дијабетес се:

Босилек, рузмарин, жалфија, боровница, камилица, цимет, лук, ѓумбир, нане, глуварче, анасон.

Совет: Кај дијабетесот е многу важно да ги исфрлите од исхраната рафинираните житарки и белиот шеќер за да го урамнотежите нивото на шеќер во крвта.